Како партија според нас, оваа статистичка операција е некомплетна. Пописот треба да биде каков што треба и точно да знаеме овие 132.000 наши сограѓани на кој народ му припаѓаат, иако јасно е дека најголемиот дел од околу 90% се Македонци, но од одредени причини не се изјасниле. Ги разбирам и ја почитувам нивната одлука. Доколку тие се изјаснија бројките ќе беа поразлични, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за денешните резултати од пописот.
Мицкоски потенцира дека уште на почетокот имале многу забелешки за пописот.
-Мнозинството од неизјаснатите се од македонскиот народ и порачавме дека после промената на власта ќе имаме нова статистичка операција, електронски попис, на кој што јасно ќе знаеме колку е резидентното население во Македонија. Резултатите покажаа дека земјата се депопулира повеќе од 10% и тоа е поразителен факт за сите политичари на политичката сцена. Тоа треба да се корегира со политика со стратегии. Најавуваме нова статистичка операција откако ќе дојдеме на власт, најавува Мицкоски.
-Не станува збор дали го признаваме пописот. Луѓето се делат поради него и ги доведуваме во заблуда. Тој е дел од Законот за статистика, а Законот е донесен. Не бива после свадба тапани. Требаше да не сфатат сериозно кога предупредувавме за последиците, оценува Мицкоски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.