Брус Вилис се повлекува од Холивуд

од Nikola Popovski
746 прегледи

На познатиот холивудски актер Брус Вилис (67) му била дијагностицирана афазија, соопшти неговото семејство, поради што актерот привремено се повлекува од Холивуд.

Семејството на Вилис на социјалните мрежи ги извести фановите на славниот актер и јавноста дека тој има сериозни здравствени проблеми.

– До неверојатните фанови на Брус, како семејство, сакаме да споделиме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности, се вели во соопштението и додаваат:

– Како резултат на ова и со многу размислување, Брус се оддалечува од кариерата која толку многу му значеше.

– Ова е навистина тежок период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Низ ова поминуваме како силна семејна единица и сакавме да ги привлечеме неговите обожаватели бидејќи знаеме колку тој ви значи, како и вие него, се додава во соопштението.

Афазија е стекнато нарушување на говорот или јазикот што се јавува како резултат на оштетување на мозокот. Болеста е невролингвистички дефицит што се јавува по невролошко заболување.

Слични содржини