Герасимовски: Резултатите од пописот се веродостојни, етничкото прашање секогаш е болно

од Nikola Popovski
247 прегледи

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски смета дека попис одамна ни требаше потребен.

-Желби имаше доста, барања исто, но дали е тоа во склоп и во интерес на тоа што треба да се направи како појава. Воглавно ги очекував ваквите резултати. Може да се даде оценка дека ги задоволуваат демографските потреби. Се гледа како се движеле појавите во изминатиот период од 20 години. Не интересираше каква е состојбата по однос на вкупниот број на население, миграционите движења, резидентно население, така да се добија во глобала податоци кои се очекуваа. Во однос на бројките, имам учествувано во пет пописи во кои има болно прашање во однос на етничките прашања. Тоа се веродостојни податоци, кои се прибрани и проверени и за кои експертот од Словенија рече бил присутен тука во Заводот за да помогне. Имајќи ги во предвид состојбите на етничката припадност, прв бев во изјавите дека секогаш предизвикува интерес. Пописот служи за креирање на политики во државата, рече Герасимовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини