Се казнуваат несовесните возачи, напишани 159 санкции во Скопје

од Берта Китинска
376 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 11 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 54 за непрописно паркирање…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини