Одржано Годишното собрание на акционери на Комерцијална банка

од Берта Китинска
235 прегледи

Комерцијална банка АД Скопје на 30.03.2022 година го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое акционерите кои поседуваат 54% од акциите со право на глас учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, a со цел почитување на мерките за спречување на ширење на COVID-19.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2021 година со бруто-добивка во износ од 2.504,6 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 200,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 2.304,4 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 2.304,4 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 62% од номиналната вредност на акцијата, односно по 620 денари за една акција. Исплатата на дивидендата ќе започне на 27.04.2022 година.

Заради зголемување на вкупниот капитал и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија 671,3 милиони денари од добивката да се издвојат во резерви. Дел од добивката, односно 220 милиони денари се распределуваат во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2022 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2021 година, како и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2021 година.

Слични содржини