339
Реков и претходно – гледајте што се случува со пописот во РС Македонија. Ова е уште еден доказ за беззаконието во РС Македонија, изјавил бугарскиот претседател Радев денеска, пренесува агенцијата БГНЕС.
Овде преку 120.000 со документ докажале дека се со бугарско потекло. Бугарија мора да продолжи со политиката на вето додека не добиеме јасни гаранции за заштита на нашиот интерес, категорично порачал Радев, пренесува новинската агенција.