Пописот е статистичка операција. Од некои бројки сте задоволни, од некои не, како и сѐ во животот. Само африканско племе не прави попис и срам е ние што не направивме попис порано. Проблемот е што политиката ја сфаќаме ко бројка. Ние нема да ги намалиме бројките ако една заедница се намали под 20%, вели новинарот Васко Ефтов
Според него, кој има бројки, на луѓето им задава задачи да ги гледаат работите низ бројки.
-Клучен страв во Македонија е колку ќе бидат Албанците. Постојано беше тезата дека Албанците само што не станале мнозинство. Тоа што ние како Македонци го имаме проблем е анационално чувство и тезите на албански медиуми дека Албанците се 29%. Овој попис покажа дека Албанците никогаш нема да бидат мнозинство во Македонија, рече Ефтов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
За бројката на попишани Бугари, Ефтов прашува зошто некој би се плашел да се изјасни со бугарско самочувство.
-Ние ништо не им правиме на Бугарите. Не се закануваме, не ги убиваме, не забрануваме ништо. Формираа политичка партија. Ние само правиме амбиент да ги изразат пробугарските чувства, оценува Ефтов.