Зеленски: Говореа дека Киев ќе падне за три до пет дена, а ние уште стоиме

од Nikola Popovski
286 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, им се обрати на своите граѓани на крајот на 36-от ден од почетокот на руската воена операција во таа земја.

„Издржавме многу пати повеќе отколку што мислеше непријателот“, рече доцна синоќа Зеленски.

Тој истакна дека по почетокот на рускиот напад врз Украина се говорело дека Киев ќе може да се брани само три до пет дена.

„Мислеа дека ќе им биде доволно да ја заземат целата наша земја, а еве веќе е 36-ти ден и ние стоиме. И ќе продолжиме да се бориме“, порача Зеленски.

„Сите треба да размислуваме за иднината. За тоа каква ќе биде Украина по оваа војна. Како ќе живееме со вас. Затоа што ова е војна за нашата иднина. Ова е војна за нашите животи“, рече Зеленски.

Руската армија ги зајакнува своите сили во Донбас, Мариупол и во правец на Харков. Тој верува дека руската армија повторно ќе удри.

„Руските трупи акумулираат потенцијал за нови удари. Силни удари. Ќе се браниме. Ќе направиме се што можеме за да ги запреме агресорите и да ја исчистиме нашата земја“, додаде Зеленски.

Слични содржини