Русија соопшти дека нема да бара од Европската унија укинување на санкциите, туку ќе одговори на нив, пренесе руската агенција РИА Новости.
„Имаме доволно сопствени залихи и алтернативи. Европската унија не е центар на универзумот“, изјави портпаролот на руското МНР Николај Кобринец, пренесува Ројтерс.
Русија рече дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, велејќи дека 27-те земји-членки може ќе сфатат дека конфронтацијата со Москва не им е во интерес, пренесе РИА.
„Потезите на Европската унија нема да останат без одговор. Неодговорните санкции од Брисел веќе негативно се одразуваат на секојдневниот живот на обичните Европејци“, рече Кобринец.