Украинските високи функционери го потврдија големиот напредок на нивната војска околу Киев, но и на југ во областа Керсон. Градоначалникот на Бровари, место североисточно од Киев, потврди дека руските војници се повлекуваат.
– Целосно го контролираме местото, сега го „чистиме“ теренот – изјави Ихор Сапожко за украинската телевизија.
Бровари никогаш не падна во рацете на Русија, но таму имаше големи битки во последните неколку недели. Руските трупи ги окупираа околните села, но по украинската контраофанзива тие повторно беа под контрола на Киев.
Исто така, Украинците се пофалија дека го стегале обрачот околу окупираниот Керсон.
Советникот на претседателот на Зеленски, Олексиј Арестович изјави дека се ослободени 11 села во областа Керсон.