Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорте, смета дека успехот на тимот на Пеп Гвардиола во последните години го нервира градскиот ривал Манчестер Јунајтед и неговите навивачи.
„Луѓето очекуваат Сити да пропадне? Можеби тие не мислат дека е нормално секогаш да победуваме. Ако не се лажам, за четири години освоивме 11 трофеи, а тоа може да ги иритира луѓето како нашите соседи кои не освоиле ништо. Имаат многу фанови, во еден град сме. Тешко им е да разберат. Но, има само еден победник. Потрошија и многу пари. И фудбалерите се луѓе, а навивачите треба да го сфатат тоа: кога го победивме Јунајтед, загубивме од Палас. Ова не може да се објасни со пари. Колку и да чини еден играч, тоа не значи дека ќе биде најдобар. Тоа не е егзактна наука“, изјави Лапорт за „Гардијан“.