269
Бугарското МНР му врачи нота за прогласување персона нон грата на руски дипломат, кој бугарските власти го обвинија за шпионажа.
Нотата му е врачена на Филип Воскресенски, кој е втор човек во руската амбасада во Бугарија. Рускиот дипломат, кој е прв секретар, има 72 часа да ја напушти територијата на нашиот источен сосед.
Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев претходно денеска ја информирал министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за нерегулирана разузнавачка дејност, веројатно во корист на Руската Федерација, од лице со дипломатски имунитет.
Според бугарските медиуми, тоа што го направил рускиот дипломат е прекршување на чл. 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи.