Си: Кина и ЕУ треба да обезбедат стабилност во нестабилен свет

од Берта Китинска
220 прегледи

Кина и Европската унија (ЕУ) треба да обезбедат стабилност во нестабилен свет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, кој преку видео-врска разговараше со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Според кинеската медиумска групација (ЦМГ), Си вчера истакнал дека пред осум години, кога го посетил седиштето на ЕУ, предложил Кина да работи со Европа на изградба на мост на пријателство и соработка на евроазискиот континент.

Тој предложи, како што наведе, создавање партнерски односи засновани на мир, раст, спроведување реформи и почитување на цивилизациите, како и изградба на сеопфатни стратешки партнерски односи меѓу Кина и ЕУ кои имаат глобално влијание.

Оваа визија на кинеската страна досега не е променета и има повеќе практично значење во актуелната глобална ситуација, се додава.

Си посочи дека од минатата година односите меѓу двете страни постигнале нов развој во услови на предизвици, а соработката меѓу Кина и ЕУ постигнала нови резултати во услови на тешкотии.

Фактите покажуваат дека Кина и ЕУ имаат широки заеднички интереси и солидна основа за соработка. Само соработката и координацијата можат да ги решат проблемите и да бидат одговор на предизвиците, рече Кси, додавајќи дека Кина одржува стабилна и кохерентна политика кон ЕУ.

Кинескиот претседател изрази надеж дека ЕУ ќе развие независно разбирање за Кина, ќе води независна политика кон Кина и ќе работи со Кина за заеднички да промовира стабилност и долгорочен развој на односите меѓу Кина и ЕУ.

Слични содржини