418
Украинското знаме беше подигнато над нуклеарната централа во Чернобил по повлекувањето на руските сили, објави во саботата државната компанија која ги надгледува нуклеарните централи, пренесува Си-Ен-Ен.
„Денеска, 2 април, во 11:00 часот, беше подигнато украинското знаме над централата во Чернобил и беше интонирана химната“, се вели во соопштението на „Енергоатом“ во Телеграма.
На церемонијата присуствуваше целиот персонал на нуклеарната централа Чернобил, која херојски работеше во тешки услови на окупација од 24 февруари и ја обезбедуваше нуклеарната и радијационата безбедност на станицата и околните објекти“, се додава во соопштението.