Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски присуствуваа на денешната свеченост која се одржа во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец по повод одбележување на денот на Првата пешадиска бригада, единица која ги промовира најдобрите вредности на составите од кои произлезе и која најдобро ја отсликува разноликоста на етничката припадност и родовата еднаквост.
-Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада!Ја одбележавме 10 годишнина од воспоставувањето на најголемата здружена тактичка единица во Армијата на Северна Македонија, која ги промовира најдобрите вредности на составите од кои произлезе. Ова е единицата која прва излегува во поддршка на граѓаните секогаш кога им е потребна, а нејзините припадници ја претставуваат својата држава во најдобро светло во мировните мисии во светот, рамноправни со колегите од сојузничките земји. Со 27 жени на командни должности, оваа единица најдобро ја отсликува родовата еднаквост во Армијата, но и разноликоста на етничката припадност. Секогаш подготвени, одговорни и професионални. Државата возвраќа за Вашата пожртвуваност!, вели Петровска.