231
„Војната и мирот се загрозени на овие избори. Војната е во нашето соседство, меѓу две големи земји и ние мора да останеме надвор од конфликтот“, нагласи лидерот на владејачката партија Фидес, изјави премиерот Виктор Орбан пред новинарите откако гласаше на парламентарните избори во 12-тиот округ во Будимпешта.
Претседателот на „Фидес“, кој беше придружуван од сопругата Анико Леваи, рече дека е убеден оти нивните противници „не ја чувствуваат тежината или сериозноста“ на ситуацијата и дека можат „да преземат чекори кои би можеле да ја вклучат Унгарија во конфликтот“.
„Тоа би било трагично за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека партијата Фидес има за цел да го спречи тоа.