ФОТО: Зградите на Владата, МО и МНР светнаа во боите на НАТО

од Берта Китинска
206 прегледи

Вечерва зградите на Владата, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи светат во боите на НАТО, информираше премиерот Димитар Ковачевски.

-4 април е Ден на НАТО кога сите сојузници сме сплотени заедно повеќе од кога било.Исправени сме пред нови геополитички предизвици во време кога на европскиот континент сведочиме за воената агресија која се случува во Украина а притоа се потсетуваме дека нашата сила е единството на Алијансата, напиша Ковачевски.