Зеленски ја обвини Русија за геноцид

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Русија за геноцид во Украина.

Зборувајќи за Си-Би-Ес Њуз, Зеленски рече дека народот на Украина не сака Русија да ги покори и затоа се „уништува и истребува“.

На прашањето дали дејствијата на Русија претставуваат геноцид, Зеленски одговори: „Навистина, ова е геноцид. Елиминација на цела нација и народ“.

Како што рече, во Украина има повеќе од 100 националности и дека „се работи за уништување и истребување на сите овие националности“.

Зеленски потоа во видео обраќање до нацијата рече дека секое злосторство на окупаторите на територијата на Украина ќе биде истражено, пренесе Би-Би-Си.

Претседателот на Украина додаде дека сите виновни за такви злосторства ќе бидат „пронајдени и казнети“.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари во, како што вели, „специјална воена операција“ за демилитаризација и „денацификација“ на својот сосед.

Украина го отфрла ова како неосновано оправдување за агресорска војна.