Јаневски: Покренувањето на авионската линија Белград-Охрид е добра прилика за почеток на оваа сезона

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски во интервјуто со новинарот Жељко Шајн за српска “Политика” даде свој коментар за предизвиците со кои се бори туристичкиот сектор и можностите од иницијативата “Отворен Балкан”.

Факт е дека туризмот и угостителството претрпеа најголеми штети од здравствената Ковид криза, а сега дополнително туристичкиот сектор повторно е на удар поради војната во Украина. “Како брз одговор на предизвиците, потребно е прилагодување на новата реалност и брза промена на рецептивните дестинации, акцентот ќе биде на активниот туризам и вонпансионско трошење, што е прилика да низ мултипликативните ефекти туризмот директно влијае на локалната економија, отварање на нови работни места во услужната дејност и развој на мали семејни бизниси”- , изјави Јаневски.

Јаневски додаде дека секторот туризам за врема на пандемијава не престанува да работи, но се обидува да преживее, фокусирајќи се на одржливите туристички дестинации. Кај земјите од “Отворен Балкан” забележан е најмал пад во бројот на туристи, благодарение на богатата туристичка понуда во регионите каде се практикува селски и еко туризам, кои не се сезонски ограничени, а нудат голем број природни атракции. “Отворен Балкан” како столб за развојот на регионалниот туризам може да им понуди на еропските и светските патувачи неоткриени дестинации во поглед на атракциите, гастрономијата, мултикултурата и голем број селективни туристички понуди по барање на туристите. Ставање “зелена зона” на граничните премени ќе овозможи брз проток на туристи, а воспоставувањето на нови авиолинии за поврзување на јадранскиот регион ќе отвори потенцијален пазар од 20 милиони туристи. Очекувањата се во наредните пет години ако се посветиме на туристичката промоција, може да се достигне бројка од 25 милиони ноќевања и озбилен дел во бруто домашниот производ од ставка туризам.

Слични содржини