177
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека на рускиот претседател Владимир Путин треба да му се суди за воени злосторства и додаде дека ќе побара дополнителни санкции по пријавените брутални убиства во Украина.
„Видовте што се случи во Буча“, рече Бајден, пренесе АП.
Тој истакна дека Путин е „воен злосторник“.
„Мораме да продолжиме да ѝ го испраќаме на Украина оружјето што ѝ е потребно за да ја продолжи борбата“, рече Бајден.
Тој изјави дека мора да се соберат сите детали и докази за да се одржи судење за воени злосторства.
„Она што се случува во Буча е нечуено и сите го гледаат“, додаде американскиот претседател.