Захарова до Бајден: Судењето за воени злосторства нека почне со бомбардирањето на Југославија

од Nikola Popovski
232 прегледи

Реагирајќи на барањето на американскиот претседател Џо Бајден да се изведе претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин пред лицето на правдата за воените злосторства во Украина, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров на апликацијата Телеграм напиша дека „повикот на Бајден за судење за воени злосторства е одлична идеја“.

– Одлична идеја, нека почнат со бомбардирањето на Југославија и окупирањето на Ирак. Сè уште може да се најдат главните режисери на тоа што се случи во Сребреница, напиша Захарова, со очигледна алузија дека во Сребреница не се случил геноцид, иако има судски пресуди кои недвосмислено го утврдиле тоа.

– И, се разбира, во Косово постоеше трговија со органи под маската на американски официјални лица. Штом ќе завршат со тоа, веднаш можат да започнат и со процесот на нуклеарно бомбардирање на Јапонија, додаде Захарова, а на крајот напиша „Run, Forest, run“ на англиски јазик, алудирајќи на сцената од оскаровскиот филм „Форест Гамп“.

Слични содржини