Економските и образовните податоци ќе бидат објавени до крајот на јуни, вели Симовски

од Nikola Popovski
236 прегледи

Економските податоци од пописот ќе бидат објавени до крајот на јуни, информира директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Тој рече дека не забележува на никому ништо околу реакциите.

-Не би ни дошол во емисии ако забележувам некому нешто. Тоа се спроведени и конкретни методи, податоците за возраста се точни, произлегуваат од матичниот број, има нешто што не е опфатено, но треба да внимаваме. Премногу е голема бројката од 26.000 деца што не посетуваат образование, како што велите вие. Секогаш кога правиме брзи анализи можеме да погрешиме. Да ја сочекаме табетата по посетување училишта и возраст, па ќе разговараме конкретно. Сега може да ви се даде лажна слика. Не сум ги видел економските бројки. Ова не е едноставна работа. Во пописот во 2002 година, година дена се публикуваа податоците. Јуни не е долг период. Ќе сочекаме ќе ги објавиме и економските и образовните податоци, одговори Симовски на поставено прашање на Дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини