421
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека две третини од Македонците ја поддржуваат Русија.
„Факт е дека две третини од Македонците ја подржуваат Русија, се гледа тоа многу јасно. Среќа за оваа држава, а посебно за Албанците што имаме една партија како СДСМ која собра храброст и политичка храброст да решава овие децениски прашања, проблеми, посебно во однос на Албанците. СДСМ ги губи изборите од националистичките сили во државава“, вели Тачи.