249
Украинските разузнавачки служби објавија список во кој се тврди дека се имиња на руски војници „кои извршиле воени злосторства против народот на Украина во Буча“.
Списокот е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана и содржи имиња, датуми на раѓање и броеви на пасоши, како и чинови на околу 2.000 војници.
„Воените злосторници директно вклучени во извршувањето на воените злосторства против украинскиот народ во Буча“, напишаа тие, објавувајќи ги, како што велат членовите на 35-та посебна моторизирана пешадиска бригада на 35-та армија.
Покрај тоа, стои и пораката: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства извршени врз цивилното население на Украина“, пренесува Би-би-си.