152
Нафтениот пазар од утрово бележи раст во однос на вчерашниот ден.
Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар е 108 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога цената на барелот изнесуваше 104 долари.
На американскиот пазар цената на барелот е 104 долари.
Цената на пченицата од утрово е во плус. Цената на пченицата е 1.010 долари за тон, што е зголемување за 2 отсто во однос на вчера.
Во плус е и цената на пченката и изнесува 750 долари за тон, што е зголемување за 2 отсто во однос на вчерашниот ден.