ЕУ воведува нови санкции на Русија

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Европската унија најверојатно ќе воведе нови санкции кон Русија во среда, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент Бон.

„Утре најверојатно ќе се гласа за нови санкции“, рече тој, додавајќи дека ЕУ треба брзо да направи нешто за увозот на гас и јаглен од Русија.

Новите санкции се резултат на нападот врз Буча, кој Русија продолжува да го негира, пишува Би-Би-Си.

Од друга страна, Данска ќе протера 15 руски дипломати од својата земја, откако голем број други европски земји се одлучија на сличен потег, пренесе Ројтерс.