Режисерот Итан Коен, по стапките на својот брат Џоел Коен, планира да го сними својот прв соло филм, објави „Холивуд Репортер“. Според изданието, неговата сопруга Триша Кук го напишала сценариото за сè уште ненасловениот филм.
Иако не се откриени повеќе детали за проектот, се претпоставува дека се работи за сценарио кое Итан и Триша го напишале пред години. Во едно интервју режисерот навести дека ќе сними филм за патување, чии главни ликови се две лезбејки. На патот, тие наидуваат на различни пречки.
Првично беше планирано Алисон Андерс да го режира филмот, а Итан Коен да биде продуцент. Веројатно оттогаш се сменија приоритетите на режисерот и тој ќе биде зад камерата.
Џоел и Итан Коен или едноставно браќата Коен се познати по филмовите „Големиот Лебовски“, „Фарго“, „Нема место за стари кучиња“ итн. Покрај режијата, тие се манифестираа и како сценаристи и продуценти.
Минатата година беше објавено дека двајцата браќа повеќе нема да снимаат филмови заедно и дека Џоел Коен ќе продолжи со својата работа во филмската индустрија. Неговиот прв соло филм, Трагедијата на Магбет (2021), беше номиниран за три Оскари оваа година.