Владата ја усвои Информацијата за клучни достигнувања во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година

од Nikola Popovski
157 прегледи

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за клучни достигнувања, заложби и координација во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година.

Станува збор за точка која ги сублимира социјалните и економски политики кои се насочени во поддршка на ранливите заедници во нашето општество, во овој случај ромската заедница, вклучени во Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот од 2022 до 2030 година.

Согласно заклучокот за статусот на спроведувањето на клучните мерки и програми од Стратегија за Роми 2022-2030 година, Владата ги задолжи надлежните министерства вклучени во реализацијата на стратегијата да ги утврдат приоритетите од стратегијата за 2022 година и во форма на акциски план да ги презентираат на тематска седница којашто ќе биде посветена на унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија.