205
Американскиот производител на чипови Intel соопшти дека ја прекинал работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштиле земјата по нејзиниот напад врз Украина.
Корпорацијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот за да ги минимизира нарушувањата во нејзините глобални операции, објави Ројтерс.
„Intel продолжува да ѝ се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикува на брзо воспоставување мир“, соопшти компанијата.