Американскиот министер за финансии: Развојните банки да ги насочат средствата во земјоделскиот сектор

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен најави дека ќе изврши притисок врз мултилатералните развојни банки да ги насочат средствата кон земјите погодени од прехранбената несигурност, предизвикана од војната во Украина.

Во говорот подготвен за денешното обраќање пред членовите на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, Јелен рече дека ќе побара од институциите, вклучително и Светската банка и Африканската банка за развој, да ги прошират алатките за решавање на безбедноста на храната, „вклучувајќи долгорочни инвестиции во земјоделската продуктивност и земјоделската инфраструктура, пренесе „Ројтерс“.

Според неа, меѓународните финансиски институции, вклучително и Меѓународниот монетарен фонд, ќе играат клучна улога во решавањето на проблемот со прелевањето на ефекти од украинскиот конфликт, кои ја зголемуваат економската ранливост на многу земји погодени од пандемијата на Ковид-19.

Слични содржини