Дејвид и Викторија Бекам заедно се качија на јахта вредна 5 милиони фунти по кражбата во нивниот дом во Лондон за да се релаксираат пред свадбата на нивниот најстар син, Бруклин, овој викенд.
Славната двојка изгледаше среќно додека уживаа во сончевата светлина на Мајами со нивните деца Харпер и Ромео.
Викторија (47) покажа завидна фигура во мини фустан без прерамки, а Дејвид (46) го покажа своето истетовирано тело во бела маица и црни шорцеви. Двојката цело време гледаше нешто на телефонот на Дејвид.
Фудбалерот ја именуваше својата јахта по иконскиот број на дресот, кој го носеше шест години додека играше за Манчестер Јунајтед – Seven (Седум). Нејзиниот број има друго значење зад себе, бидејќи тоа е всушност средното име на нивната ќерка.
Нивното патување се одвива непосредно пред да го видат нивниот 23-годишен најстар син како се венча со наследничката милијардерка, Никола Пелц во сабота, 9 април 2022 година, во присуство на бројни ѕвезди.
Бидејќи семејствата на двојката имаат многу пари, се известува дека младата двојка потпишала строг предбрачен договор за заштита на нивниот имот доколку нивниот брак се распадне.
„The Mail on Sunday“ пишува: „Бруклин Бекам потпиша предбрачен договор со неговата идна сопруга Никола Пелц“.
„Богатството на родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија, изнесува 380 милиони фунти и е помалку од богатството на таткото на Пелц, финансиерот Нелсон, кое се проценува на 1,3 милијарди фунти. Веста за предбрачниот договор доаѓа во момент кога се подготвуваат саботната церемонија и забава вредна 3 милиони фунти во замокот на Пелц во Палм Бич, Флорида“.
Се шпекулира дека на листата на гости се познатиот готвач Гордон Ремзи, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона – Роко Ричи и Spice Girls.