Германските увозници на јаглен претпоставуваат дека до крајот на годинава увозот на јаглен од Русија целосно ќе биде заменет со увоз од други земји, но наведуваат дека тој ќе биде поскап поради повисоките транспортни трошоци.
„Јагленот од Русија може да се замени со јаглен од други земји, како што се САД, Јужна Африка, Австралија, Колумбија, Мозамбик и Индонезија“, рече Александар Бете, претседател на Здружението на увозници.
Тој за медиумите на групата „Функе“ објасни дека рускиот јаглен би можел да биде заменет до следната зима.