Српската полиција трага по Македонец: Пријавил дека девојката му е мртва, па исчезнал

од Берта Китинска
449 прегледи

Саманта В.(31) е пронајдена мртва во стан во Власотинце, а полицијата се уште интензивно трага по нејзиното момче, државјанин на Македонија, пишува српски Курир.

Смртта на несреќната девојка била пријавена синоќа околу 22 часот.

-Постои сомнеж дека Саманта била мртва неколку дена, но дека момчето дури синоќа го пријавило случајот во полиција. Таа беше пронајдена во кревет во локва крв и покриена со ќебе, но не можеше точно да се утврди од што починала, па наредена е обдукција, вели извор за српските медиуми.

Македонскиот државјанин кој бил момче на Саманта после тоа исчезна, а полицијата трага по него. Тој се уште не е осомничен, но потребно е да даде изјава.

Слични содржини