Зеленски: Најмалку 167 деца се убиени за време на руската инвазија на Украина

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на руската инвазија на Украина биле убиени 167 деца, но тој број веројатно е поголем.

„Факт е дека за 42 дена се убиени најмалку 167 деца. Сè уште не знаеме за сите злосторства во Мариупол и другите украински области, каде борбите сè уште траат“, рече Зеленски пред ирскиот парламент.

Според него, руските сили нападнале 927 образовни институции, 258 болници и 78 амбулантни возила.