Бензема го разби Челзи, сензационална победа на Виљареал над Баерн!

од Nikola Popovski
340 прегледи

Во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид го совлада Челзи со 3:1 на гостувањето во Лондон, додека Виљареал на домашен терен го совлада Баерн со 1:0.

Овој Реал покажа, исто како и неговиот тренер Карло Анчелоти многупати досега, дека е способен да се прилагоди не само на противникот туку и на барањата на самата игра. Мадриѓаните мудро ги чекаа шансите, но овојпат, барем во првиот половина час, беа многу поагресивни и подисциплинирани во пресингот, отколку на дуелот против ПСЖ.

Карим Бензема заслужува посебно поглавје, бидејќи повторно постигна хет-трик. Тој го постигна првиот гол против „Плавите“ по одличната акција на Винисиус во 21. минута, а веќе во 24. го постигна вториот гол и се чини дека го реши прашањето на победникот.

Челзи преку Каи Хаверц успеа да се врати во финишот на првото полувреме, но Реал дефинитивно ја уби играта на самиот старт од вториот дел, кога Бензема го комплетираше хет-трикот. Воедно, тој стана првиот француски фудбалер кој постигнал двоцифрен број на голови во една сезона од Лигата на шампионите, моментално со 12.

Во вториот меч Виљареал покажа дека без причина е потценет како најслаб од сите четвртфиналисти. „Жолтата подморница“ беше поконкретен ривал во првото полувреме од Баерн и постигна два гола. Со тоа што првиот Данхум беше признат во осмата минута, а вториот преку Кокелан во 41. минута беше поништен по асистенцијата на ВАР системот поради офсајд.

Второто полувреме донесе поагресивна игра на Баерн. Но, уште еднаш се покажа дека избраниците на Унаи Емери знаат да го задржат резултатот и успеаја да ја задржат минималната предност, со која ќе патуваат во Минхен.

Реваншите во Мадрид и Минхен се закажани за вторник, 12 април.

Слични содржини