Милошоски бара премиерот во Собрание да ги достави документите за кои се преговара со Бугарија

од Nikola Popovski
219 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска преку прес-конференција информира дека пратеници од опозцијата испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски да ги достави нацрт-документите за кои што Владата на Македонија за кои се преговара со официјална Софија.

Тој информира дека ова го барале од премиерот Ковачевски бидејќи самите по кодексот на Владата напоменуваа во членот 1 дека носителите на извршни функции редовно ќе даваат отчет пред Собранието, но и дека исто така го бараат врз основа на членот 68 од Уставот каде што Собранието има уставна надлежност да врши политичка контрола над извршната власт.

-Дополнителен аргумент за отворања на оваа дебата е и веќе воспоставената пракса од јули 2017 година кога тогашниот премиер лично учествуваше на Комисијата за надворешна политика и до пратениците го достави нацрт-договорот за добрососедство и побара седницата да биде затворена.

Очекуваме позитивен одговор од премиерот Ковачевски, доколку вистински се залага за принципите за инклузивност, на отчетност и на заедничко работење на сите институции, вклучително и на пратениците како народни избраници, за доброто на државата да поразговараме на една седница за најновите нацрт-документи кои што Македонија веќе ги преговара со официјална Софија, појасни Милошоски.

Слични содржини