„Меѓународен сојуз“: Јовановски доби 9 години затвор, Ременски е ослободена од обвинението

од Nikola Popovski
294 прегледи

Девет години затвор изрече судијката во случајот „Меѓународен сојуз“ за првообвинетиот Бојан Јовановски, при денешното носење на пресудата.

Второбвинетата Јасна Мандиќ доби казна затвор од 4 години, во кое време и се засметува и времето поминато во притвор.

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на првообвинетиот доби условна затворска казна од две години.

За поранешната пратеничка и член на СДСМ, Фросина Ременски е утврдено дека не е виновна по ниту една основа од обвинението.

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Бојан Јовановски – Боки 13 беше обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај беа и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товареше за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товареше за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Слични содржини