Зеленски го повика Западот да ја казни Русија за извршените злосторства

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот го повика Западот да ја казни Русија за извршените злосторства, велејќи дека дејствата на Москва не била насочена само кон Украина, туку и кон Европа.

„Еднаш засекогаш, можеме да ја научиме Русија или кој било друг потенцијален агресор дека оние кои избираат војна се секогаш губитници, дека оние кои ја уценуваат Европа со економски и енергетски кризи секогаш губат“, рече Зеленски во видео-врска до грчките пратеници.

Тој уште еднаш ги повика демократските земји да ја отфрлат руската нафта и целосно да ги блокираат руските банки од меѓународниот финансиски систем.