Јутјуберот Брендан Џонс го трансформираше своето тело во 100 дена минатата година. Оттогаш успева да ги задржи резултатите кои ги постигнува преку исхрана и вежбање, а сега постепено се обидува да ја подобри својата кондиција. Така, во ново видео, тој го документирал своето искуство со изведување склекови, згибови и стомачни секој ден во период од 60 дена за да види дали тоа ќе има некакво влијание врз неговата сила и состав на телото.
Покрај редовните тренинзи, Џонс почнал да прави три серии од по 15 склекови, три серии планкови од 45 секунди и два сета од осум згибови секое утро.
„Единственото нешто што беше тешко беше да се остане мотивиран“, вели тој.
Сепак, тој успеа да остане доследен на тренинзите и набрзо забележа резултати, најмногу во зголемување на силата на горниот дел од телото.