Не треба неуспехот да биде наградуван. Некогаш ДУИ дава лоши примери со наградување на несупехот, таков пример е поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.Таа беше два мандати градоначалник и немаше уепех со политиката на локално ниво по однос на општината и сега откако ги изгуби изборите ДУИ ја именуваат за амбасадор овој потег не е добар потег, вели Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само Интервју“.
Тој напоменува дека неуспешен градоначалник не може да биде успешен амбасадор.
-Не треба еден неуспешен градоначаклник на кого не му веруваат граѓаните од Тетово да биде амбасадор и да ја претставува земјата во ЕУ, вели Милошоски.
Во однос на изборот на Фрчковски за амбасадор на ОН, пратеникот од опозицијата вели дека со промена на власта професорот ќе биде разрешен од таа позција.
-Во ОН ќе имаме амбасадор со голем хендикеп.Мислам дека по промената на власта Фрчковски е доволно искусен можеби сам да се врати пред да биде потпишано решението за негово враќање, кажа Милошоски.