Сите 27 членки на Европската унија вчера одобрија забрана за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.
Европската комисија во вторникот предложи нови санкции, а на тоа се согласија сите членки на Европската унија, објави агенцијата ДПА, пренесува Индекс.
Било порачано дека во случај Русија да продолжи со инвазијата на Украина, ќе следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија.
За да стапат на сила новите санкции, тие мора да бидат објавени во Службениот весник на Европската Унија, што најверојатно ќе биде сторено денес.