„Шалтерите празни, вработените надвор пред институциите“: Административците и денеска нема да работат два часа

од Берта Китинска
255 прегледи

И денеска административците наместо на работа, ќе излезат на протест пред институциите каде што работат.

Платите ниту им се зголемуваат, ниту пак им е исплатена новата сума на минималецот, истакнаа од синдикатот на УПОЗ кој е организатор на денешниот протест.

„Шалтерите празни, вработените надвор пред институциите во знак на протест. Денеска имаа двочасовен прекин на работните задачи, односно од 10 до 12 часот не ги услужуваа граѓаните, во дел од институциите како државната управа, општините, правосудните органи, министерствата, во знак на револт.“

Бараат сите вработени да ја земаат минималната плата која им следува со закон, но и да се усогласат и останатите плати со минималецот.

-Нема најави дека нешто ќе се придвижи во позитивна насока.Тие ги знаат нашите барања, согласни се со нив, но мора да се донесе поширока одлука на Влада.Не се работи за никаков штрајк, туку за прекин на работниот процес во времетраење од два часа во сите институции каде има синдикална организација.Вработените не се согласуваат со случувањата во моментов, со висината на платите и со неисплата на минималната плата.Се надевам дека Владата ќе го слушне гласот на вработените и во најбрз можен рок ќе седнеме и ќе најдеме решение, вели за „Локално“, претседателот на УПОЗ Трпе Деановски.

И вработените во образованието не успеаа да се договорат со Владата за зголемување на платите согласно минималната. Од понеделник влегуваат во генерален штрајк.

Слични содржини