Чоколадно уживање за секоја пригода.
Состојки:
– 200 гр мелени бисквити
– 100 гр мелени лешници
– 70 гр путер
– 70 гр шеќер во прав (можеби и помалку, по вкус)
– 1,5 дл сок од портокал
– 2 реда бело чоколадо
Глазура:
– 100 гр темно чоколадо
– 1 лажица какао
– 1 лажица шеќер, по потреба
– 2 лажици млеко
– коцка путер
Подготовка:
Изматете го путерот, додадете ги бисквитите, лешниците, омекнатото бело чоколадо, шеќерот во прав и сокот од портокал.
Се добро измешајте, па направете коцки. Ставете ги во фрижидер да се стегнат.
Подгответе ја чоколадната глазура: издробете ја чоколадата, додадете шеќер, по потреба какао и млеко.
Растопете се на умерена температура, а кога ќе почне да згуснува додадете путер.
Прелијте ги коцките со глазурата и ставете во фрижидер убаво да се излади.
Декорирајте по желба, но само кога ќе се стегне глазурата
Добар апетит!