Петровска – Ескобар: Членството на во НАТО се покажа дека е вистинска одлука во вистинско време

од Берта Китинска
181 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествува на Делфи форумот во Грција, на нејзиниот фејбук профил објави дека имала средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во американскиот Стејт департмент.

– Благодарни сме за континуираната и конзистентна поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Членството на во НАТО се покажа дека е вистинска одлука во вистинско време, а во денешните несигурни времиња тоа ја зацврсти регионалната стабилност и безбедност и ја намали можноста од прелевање на нестабилноста во Западниот Балкан, објави министерката Петровска.

Слични содржини