Украина: Гранатирана железничка станица за евакуација на цивили, многумина се мртви

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Железничка станица што се користи за евакуација на цивили во источна Украина, наводно, била погодена од две руски ракети, изјави шефот на украинската државна железничка компанија, велејќи дека има и многу жртви.

Во порака на Телеграм, претседателот на Украинските железници Олександр Камишин напиша дека е погодена железничката станица во градот Краматорск во Доњецк.

ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ДЕКА ВИДЕОТО И ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ:

Рапидно расте бројот на загинати и повредени во нападот на железничката станица во Краматорск. Ројтерс ја цитира украинската државна железничка компанија, која сега соопшти дека повеќе од 30 луѓе се убиени, а повеќе од 100 се повредени. Ројтерс не можеше да ја потврди информацијата.

Украинскиот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко изјави дека илјадници цивили биле на станицата во обид да се евакуираат во побезбедните области на Украина. Повикувајќи се на полицијата и спасувачките служби, тој рече дека стравува дека има десетици убиени или ранети во ракетниот напад, објави Ројтер.

Градскиот совет на Краматорск ги предупреди луѓето да останат во засолништата.

Засега нема повеќе детали.