„Имаме податок каде се парите“, вели Рускоска за истрагата против Зекири

од Берта Китинска
314 прегледи

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.

„Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени“, велат од Обвинителството.

„Имаме податок каде се парите“, вели обвинителката за борба против организиран криминал, Вилма Русковска во врска со случајот Зекири.

-Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите. Осомничените хрватските државјани, според нашите информации, не се наоѓаат во државава, но ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколкку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска,” вели Рускоска во изјава за Слободен печат.

Слични содржини