Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека нападот на железничката станица Краматорск е намерен масакр на цивили.
Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина во петокот, додека цивилите се обиделе да се евакуираат во побезбедните делови на земјата, соопшти државната железничка компанија.
Украинскиот министер за надворешни работи не штедеше ниту збор коментирајќи го овој настан на Твитер.
„Русите знаеја дека железничката станица во Краматорск е полна со цивили кои чекаат евакуација. И покрај тоа, тие ја нападнаа со балистичка ракета, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а најмалку стотина беа повредени. Ова беше намерен масакр. Секој воен злосторник ќе го изведеме пред лицето на правдата“, напиша Дмитро Кулеба.