Приведен македонски државјанин во Косово, баран за кривично дело убиство

од Берта Китинска
315 прегледи

На 06.04.2022 во Косово е лишен од слобода македонскиот државјанин А.А. (48) кој се барал со меѓународна потерница за затворска казна од 12 години за кривично дело убиство, сторено на 26.05.2003, информираат од МВР.

Приведувањето следи како резултат на меѓународната полициска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, која е поддржана од регионалниот проект на ЕУ-Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.