Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков во петокот соопшти дека „специјалната операција во Украина“, како што ја нарекуваат Русите, може да заврши во догледна иднина, имајќи предвид дека целите на операцијата се постигнуваат и дека и руската армија и руските чинители во мировните преговори си ја вршат работата, пренесува Ројтерс.
На денешното прашање од новинарите дали тоа навистина може да биде прашање на денови, Песков рече: „Зборуваме за догледна иднина“.
На прашањето на што се засноваат ваквите предвидувања, Песков рече: „Операцијата продолжува и нејзините цели се постигнуваат“.
„Нашата армија врши одлична работа во однос на унапредувањето на операцијата, а резултатите ги постигнуваат преговарачите кои разговараат со своите украински колеги“, рече Песков.