Освен Левица, сите други партии се за ЕУ и НАТО, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово. Според него, речиси сите политичари во Македонија се за членувањето во Унијата и го одобруваат Преспанскиот договор.
-Само Апасиев е против е зачленувањето во НАТО, против Европската Унија, против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор, против признавањето на Косово, против развојот на Албанците во регионот. Левица има два пратеника кои сепак имаат влијание во одредени слоеви на граѓани, додал Ахмети.
Лидерот на ДУИ смета дека на Албанците во Македонија им се потребни само две партии.
-Јас отсекогаш сум ја промовирал и ја промовирам тезата дека во Република Северна Македонија повеќе од две албански партии не прават да бидеме неважни. Во Македонија доволни се само две партии, третата може да биде штетна, вели Ахмети.